Билансот на жртви од земјотресот во Пакистан достигна 348 лица

Од:

Бројот на загинати во силниот земјотрес што во вторникот ја погоди југозападната пакистанска провинција Белуџистан, според најновите податоци на локалните власти, се зголеми на 348 лица, додека најмалку уште 513 други се повредени.

Во областа Аваран, каде беше епицентарот на потресот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, се откриени 305 тела, а 34 жртви има и во соседната област Кеч.

Пакистан прогласи вонредна состојба во областите погодени од земјотресот, што е најкатастрофалниот по оној во 2005 година во северозападната област Кашмир, каде загинаа најмалку 73 илјади лица.

Армијата испрати војници и стотина лекари и медицински сестри на помош на спасувачките екипи, кои продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица