Билансот на загинатите во зградата во Бангладеш достигна 275 лица

Од:

Билансот на загинатите при уривањето на повеќекатница во главниот град на Бангладеш, Дака достигна 275 лица, а уште 61 се спасени соопштија властите во Бангладеш.

Осумкатната зграда, во која се сместени текстилни фабрики и трговски центар во индустриско предградие во Дака, се урна во средата.

Околу две илјади лица се спасени во изминатите два дена, од кои половината се ранети, а околу илјада лице се водат како исчезнати. Во зградата имало претежно жени, кои работеле во некоја од фабриките.

Неколку илјади лица протестираа синоќа во и околуДака со барање да бидат уапсени сопствениците на зградата, која се урна, како и газдите на текстилните фабрики. Некои од нив побараа смртна казна.

Трагедијата повторно го покрена прашањето за непочитувањето на стандардите за безбедност во текстилната индустрија, главен сектор на економијата на Бангладеш. Сто и дванаесет лица загинаа во пожар во текстилна фабрика во земјата пред помалку од пет месеци.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници