Билансот на загинатите во земјотресот во Непал достигна 3.326 лица, изјави денеска потпаролот на непалската полиција Камал Сингх Бан, јави ТАСС.
Според него во природната катастрофа се повредени се 6.505 лица. Најмногу настрадани има во престолнината Катманду, каде загинаа 808 и повредени се 2.400 лица.
Во третиот по големина град во земјата Бхактапур загинаа 232 лица и уште толку се ранети.
Земјотрес со јачина од 7,9 степени по Рихтеровата скала во саботата го погоди Непал. Потресот беше почуствуван и во северните држави на Индија, каде загинаа 60 и повредени се 250 лица, а исто беше регистриран и во Бангладеш и Мјанмар.