Билансот на загинатите во поплавите во Јужна и Северна Каролина достигна 16 лица

Од:

Билансот на загинатите во поплавите во американските држави Јужна и Северна Каролина достигна 16 лица, јави ДПА.

И покрај тоа што интензитетот на дождовите е намален, голем број луѓе останаа блокирани во домовите, поради поплавените улици, а илјадници се без вода или електрична енергија.

Опасноста се уште не е помината, смета Стивен Бенџамин, градоначалник на градот Колумбија, во Јужна Каролина, каде 800 лица се сместени во времени живеалишта.

Тристотини патишта и 160 мостови се затворени. Гувернерката на Јужна Каролина Ники Хејли ги повика на прес-конференција возачите да ги почитуваат полициските барикади на поплавените патишта.

Таа додаде дека се уште не може да се процени вредноста на штетите од поплавите.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак