Билансот на загинатите во бродската несреќа на Јанце се зголеми на 97 лица

Од:

Билансот на загинатите на кинескиот крузер, кој се преврте на реката Јанце во понеделникот достигна 97 лица, додека властите го исправија превртениот брод и се обидуваат да ги извлечат телата, кои се уште се наоѓаат во внатрешноста на бродот.

Спасувачката мисија стана операција за извлекување на стотици тела од бродот, кој превезувал 456 лица, кога се превртел при ненадејна бура во понеделникот вечерта.

Пронајдени се само 14 преживеани од несреќата, меѓу кои капетанот на бродот.

Спасувачите, од кои повеќето се војници, работеле цела ноќ за да го исправат бродот. Снимките на државната телевизија го прикажуваа четирикатниот брод, кој целосно беше превртен.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски