Билансот на загинатите имигранти покрај островот Лампедуза достигна 194 лица

Од:

Италијанските спасувачки екипи досега пронајдоа вкупно 194 тела на имигранти, кои загинаа минатата недела при потонување на брод крај островот Лампедуза.

Од околу 500 бегалци, претежно од Сомалија и Еритреја, од бродот, кој потона во четвртокот, беа спасени само околу 150 лица.

Спасувачките тимови, кои за време на викендот не можеа да работат поради лошото време, изутринава ја забрзаа операцијата со цел да извлечат колку што е можно повеќе тела, поради прогнозите за повторно влошување на временските услови во текот на попладневните часови.

Лампедуза е еден од главните пунктови за влез на нелегални имигранти од Африка на територијата на Италија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ