Бил Гејтс сака да го продлабочи партнерството со Јужна Кореја во областа на здравствената заштита

Од:

Американскиот бизнисмен и филантроп Бил Гејтс денеска ја повика Јужна Кореја да придонесе за зголемување на меѓународните напори за спречување на заразни болести како што е Ковид, нагласувајќи ја потребата светот да биде подобро подготвен за следната пандемија.

Во обраќањето пред јужнокорејскиот парламент во Сеул, американскиот милијардер повика на посилна глобална соработка, вклучително и во областа на развој на вакцини кои би биле ефективни за поширок опсег на коронавируси, за да го помине човештвото овој „критичен момент” во светската здравствена заштита.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и владата на Јужна Кореја се обврзаа на партнерство насочено кон решавање на разликите меѓу здравствените системи на одделни земји и поддршка на напорите за искоренување на заразните болести во земјите во развој, објави ко-основачот на софтверскиот гигант Мајкрософт.

Бил Гејтс ја истакна силата на Јужна Кореја во здравството, истражувањето и производството на вакцини. Тој го поздрави ветувањето на земјата да донира 200 милиони американски долари за програмата КОВАКС поддржана од ОН, која обезбедува вакцини против Ковид за посиромашните земји.

Тој потоа се сретна со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол, кој ги објасни плановите на владата за промовирање на биомедицинскиот сектор и изрази подготвеност за понатамошна соработка со фондацијата на милијардерот филантроп за „подобрување на здравјето” на луѓето ширум светот.

Гејтс ја нарече Јужна Кореја „добар партнер” за неговата фондација во здравствени проекти, вклучително и развој на подостапни вакцини против Ковид-19 и борба против ХИВ, маларија и туберкулоза.

– Се надеваме дека ќе можеме повеќе заедно, потенцираше Бил Гејтс.Гејтс ја нарече Јужна Кореја „добар партнер” за неговата фондација во здравствени проекти, вклучително и развој на подостапни вакцини против СОВИД-19 и борба против ХИВ, маларија и туберкулоза. „Се надеваме дека ќе можеме повеќе заедно”, рече тој, цитиран од кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Застрашувачката најава на Бил Гејтс за 2035 година

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја