Биган: Украина треба да остане врвен приоритет на САД

Од:

САД никогаш нема да ја признаат анексијата на Крим од страна на Русија, а Украина треба да остане на врвот од агендата на САД, изјави денеска заменик државниот секретар Стивен Биган на министерска онлјан средба со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Според него, Русија продолжува со агресивните дејства против Украина.

– Ние никогаш нема да ја признаеме руската анексија на Крим, изјави Биган, при тоа додавајќи дека „Русија го крши меѓународното право, и продолжува со агресијата кон Украина“.

Според него, од 2014 година до сега, во конфликтот во Источна Украина се убиени над 13.000 Украинци, а над милион луѓе се протерани од своите домови.

– Кримските Татари, етничките Украинци и сите други кои се противат на руската окупација се соочуваат со сурови репресии, изјави Биган.

Тој истакна дека Украина треба да остане на врвот од агендата на САД.

Од ОБСЕ потенцираат дека „руски трупи се распоредени и во Молдавија и во Грузија, без дозвола на тие земји, додека Русија употребува дезинформација и хибридни методи, кои се предизвик за Европа. Москва работи на тоа да ги поткопа демократските процеси во другите земји“.

На состанокот се истакна и за бруталното кршење на човековите права во Белорусија во изминатите месеци, настани што се документираат од страна на специјален известувач на ОБСЕ во рамките на Московскиот процес за нарушени човекови права поврзано со претседателските избори во Белорусија, што се одржаа на 9 август 2020 година. к

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели