Би-Би-Си: Преку денешниот напад Москва казнува за нападот врз Крим

Од:

Френк Гарднер, дописник за безбедност на Би-Би-Си, објави мини-анализа за масовниот руски ракетен напад утринава врз енергетската инфраструктура на Украина.

Москва би сакала, вели тој, денешниот бран ракетни напади да се гледа како казна за нападот со украински беспилотни летала врз руски воени цели на Крим, што се случи во саботата.

Но, постои јасна шема што се појавува во последните недели од војната. Колку повеќе порази доживува руската армија на бојното поле, толку повеќе нејзините команданти го казнуваат цивилното население во Украина, истакнува Би-би-си.

Зимата е зад аголот, а Москва се надева дека ќе ги деморализира Украинците и на тој начин ќе ги принуди да побараат од нивните власти мировни преговори, под услови диктирани од Русија.

Засега, тоа не изгледа веројатен исход, вели Гарднер, додавајќи дека руското оружје сè уште може да направи огромна штета и да нанесе големо страдање на украинските цивили. Кремљ, исто така, се надева дека западната поддршка за Украина ќе опаѓа колку подолго трае војната.

Целта на Русија е да го прекине синџирот на снабдување преку кој западното оружје стигнува до Украина, што пак и овозможува не само да се брани туку и да ги потисне руските окупатори.

Би можело да ве интересира

Познат шампион е убиен во центарот на Москва

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

Москва: Западот е свесен дека е можен колапс на украинската армија

Пожар во станбена зграда во Москва, едно лице загина

Безбедносните сили на Русија спречија масовен терористички напад во Москва

Горан Наумовски

Во Москва е убиен важен човек за руската армија