Би-Би-Си: Ова е пресвртница за Украина

Од:

Вчерашното ослободување на Херсон од деветмесечната руска окупација е пресуден момент за Украина, пишува Би-Би-Си.

Во Киев, главниот град на таа нападната земја нема струја, но повлекувањето на Русија од Херсон и влегувањето на украинската војска во тој град предизвика големи улични прослави.

Луѓето се собраа на Мајдан, главниот плоштад во Киев, носејќи транспаренти и знамиња.

„Крајот на војната е на повидок“, рече Валерија танцувајќи со група млади девојки кои носеа постер во боите на Украина и натпис „Херсон е Украина“.

На прашањето дали се плаши од одмазднички напад на руската армија, таа кратко рече: „Ќе бидеме подготвени“.

Украинскиот претседател Зеленски вчерашниот ден го опиша како „историски“, но и предупреди дека Херсон „се уште не е целосно исчистен од непријателот“.

Фотографиите од прославите во Херсон и отстранувањето на руските знамиња, кои молскавично се проширија на социјалните мрежи, само го зајакнаа уверувањето кај Украинците дека војната може да заврши само на еден начин – со победа. Еден од советниците на Зеленски рече дека „војната е далеку од завршена“, но нема сомнеж дека ослободувањето на Херсон е пресвртница – и за Украина и за Русија, пишува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск