Би-би-си: На улиците на Киев вооружени цивили во очекување на руските трупи

Од:

На контролните пунктови во Киев може да се видат мажи во тренерки и фармерки со пушки на грб, а млади доброволци кои лежат на земја зад противтенковски оружја се скриени меѓу дрвјата покрај патот, јавува репортерот на Би-Би-Си од главниот град на Украина.

– Како што одиме понатаму, наидуваме на професионални војници подготвени за последната битка. Ги следи украинската артилерија и тенкови свртени кон позицијата на руските трупи, на помалку од 30 километри од центарот на главниот град“, вели репортерот.

Тој пишува дека за време на понатамошното возење виделе војници распоредени по широките гребени кај реката Днепар. Некои украински снајперисти лежеле на земја и гледаа низ нивните нишани.

– Гледаме загриженост на лицето на младиот човек. Постои страв дека за неколку часа би можеле да се сретнат и да се судрат со руската армија, која се обидува да го освои нивниот главен град, напиша новинарот на Би-Би-Си.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина