Бескрестнов: Украина ќе ги зголеми нападите врз Русија на 1.000 дневно

Од:

Војната меѓу Русија и Украина сè повеќе се претвора во конфликт со далечни напади врз градови и инфраструктура, додека застојот на фронтот го зголемува ризикот за цивилите, оцени советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одбранбени технологии, Сергеј Бескрестнов, предупредувајќи дека ниту една страна не може целосно да победи во таква војна.

Бескрестнов во разговор за британски „Гардијан“ изјави дека е загрижен за претстојната зима во Киев, наведувајќи дека Русија би можела интензивно да ја напаѓа електроенергетската, водоводната и топловодната инфраструктура на главниот град.

Според него, Русија произведува повеќе од 100 балистички ракети со голема брзина месечно, додека Украина нема доволно пресретнувачи за американскиот систем „Патриот“, кој, како што наведе, е единственото средство што сигурно може да ги пресретне балистичките проектили.

Тој истакна дека „нападот стана посилен од одбраната“, бидејќи противвоздушната одбрана на двете земји не може да го следи бројот на ракети и дронови со кои располагаат спротивставените страни.

Бескрестнов истовремено најави интензивирање на украинските напади длабоко на територијата на Русија.

Според него, целта на украинскиот претседател е бројот на ваквите напади да се зголеми од сегашните околу 300 на 1.000 дневно, при што мети би биле индустриски постројки, складишта и рафинерии.

Зборувајќи за најавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Украина би можела да го загрози цивилниот воздушен сообраќај во Русија, Бескрестнов рече дека за затворање на аеродром не е неопходно директно да се гаѓа аеродромот, туку доволно е дроновите да стигнат до неговото подрачје.

Бескрестнов предупреди и на развојот на руските дронови, наведувајќи дека Москва започнала да користи летала со наводно кинески млазни мотори, кои можат да летаат со брзина поголема од 320 километри на час.

Тој изрази загриженост поради можноста Русија да вгради вештачка интелигенција во дроновите, што би можело да им овозможи автономно наведување без радио-комуникација. На тој начин, украинската мрежа за електронско попречување би можела да стане неефикасна.

Украина, како што наведе, развива сопствени автономни дронови, но Русија во моментов има поголеми производствени капацитети.

Бескрестнов оцени дека двете страни се наоѓаат во суштински застој и предупреди дека продолжувањето на ваквата војна би можело да доведе до сериозно уништување на економиите и инфраструктурата и на Русија и на Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поранешен директор на ЦИА: Украина е воена лабораторија на 21 век

Кушнер: Трамп е решен да види крај на војната меѓу Русија и Украина

Обединетите нации објавија карта на која Крим не е дел од Украина

Лавров: Западните обвинувања за руска вмешаност во инцидентот во Лајпциг се почеток на вистинска војна

Зеленски: Украина подготви предлози за завршување на војната

Горан Наумовски

Нов потрес во Украина: НАБУ ја претресува канцеларијата на генералниот обвинител Кравченко

Горан Наумовски