Бесент: „Стаорците го напуштаат бродот“ – иранската елита повлекува милиони долари

Од:

Американските власти внимателно го следат зголемениот одлив на капитал од Иран и заминувањето на одредени функционери од земјата, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент во интервју за Newsmax, оценувајќи дека ова се случува во сенка на масовните антивладини протести.

„Гледаме како стаорци го напуштаат бродот. Гледаме милиони, десетици милиони долари што се изнесуваат од земјата – тајно изнесени од страна на иранското раководство“, рече Бесант, алудирајќи на она што го нарече забрзано повлекување на парите во странство.

Според Бесент, значителни средства се насочуваат кон банки и финансиски институции низ целиот свет. Тој нагласи дека САД ги следат тековите на пари, „без разлика дали преку класичниот банкарски систем или преку дигитални средства“ и рече дека иранските функционери, како што рече, нема да можат да ги заштитат овие средства од надзор и потенцијални мерки.

Бесент оцени дека сегашниот бран протести и финансиски движења укажува на внатрешна нестабилност, тврдејќи дека Вашингтон има увид во глобалните текови на капитал поврзани со иранското раководство.

Во исто време, иранскиот амбасадор во Пакистан, Реза Амири Могадам, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп го информирал Техеран дека САД немаат планови да го нападнат Иран, и покрај острите критики од Вашингтон за протестите и внатрешните услови во таа земја.

Би можело да ве интересира

Трамп верува дека во Иран се случила промена на режимот

Стармер свикува итен состанок, војната со Иран ја „тресе“ британската економија

Мадрид: Ескалацијата се заканува да ја потресе целата планета

Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо

Бран израелски воздушни напади врз повеќе локации во Техеран

Најмалку 1.407 ирански цивили се убиени во војна во Иран, од нив 214 се деца