Лидерот на левиот центар Пјер Луиџи Берзани вчера повтори дека ќе соработува со поранешниот премиер на десницата Силвио Берлускни, на изборот за претседател, но дека нема да формира влада со него.
Во Рим тој изјави дека идниот претседател треба да биде личност од националното единство, но ја отфрли можноста за формирање влада со Берлускони.
По изборите во февруари италијаанскиот парламент остана поделен помеѓу три спротивставени блока, од кои ниту еден не може да владее сам, поради што постои голема можност за предвремени избори.
Берзани е под притисок, внатре во партијата и надвор од неа, да ја поддржи владата со Берлускони, кого гласачите од неговата Демократска партија не го прифаќаат.
Коалицијата на Берзани има мнозинство во долниот дом на парламентот, но не и во горниот дом, Сенатот.
Поранешниот италијански премиер и лидер на партијата Народ на слободата, Берлускони го повика својот ривал Берзани или да се согласи на една голема коалиција со десничарските сили, или да се распишат нови избори.
Елена Георгиевска