Лидерот на италијанската левица Пјер Луиџи Берзани денес изјави дека државата се наоѓа во драматична состојба, поради рецесијата, па затоа и е потребна влада која што ќе направи чудо.
Поранешниот комунист и лидер на Демократската партија, Берзани во петок од италијанскиот претседател Џорџ Наполитано доби зелено светло, за формирање нова влада, бидејќи неговата коалиција победи на изборите, но не освои апсолутно мнозинство.
До сега партијата одбиваше коалиција со десниот центар, чиј лидер е поранешниот премиер, Силвио Берлускони.
-Се е апсолутно јасно. Не треба да се губи време, бидејќи економската состојба во Италија е трагична и потребна ни е солидна влада – изјави денес Берлускони.
Тој додаде дека неговата партија ќе ја подржи партијата на Берзани, доколку десната рака на Берлускони, односно Анџело Алфано стане заменик на премиерот.
Елена Георгиевска