Лидерот на левата коалиција Пјер Луиџи Берсани изјави дека по општите избори во Италија е деликатна состојбата, додека конзервативниот лидер, Силвио Берлускони тврди дека владата може да се формира.
Левата коалиција тесно победи во трката за Долниот дом, но во Сенатот мнозинство ќе е од десниот блок, кој може да ги блокира донесувањата на законите.
-Левицата освои мнозинство во Долниот дом на парламентот, дури и во Сенатот според бројот на освоените гласови. На сите им е јасно дека државата е во деликатна состојба – порача Берсани во првото обраќање по прогласување на резултатите.
Лидер на десната коалиција Берлускони тврди дека владата може да се формира.
Елена Георгиевска