Берлускони верува дека Италија денеска ќе добие влада

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека верува дека Италија денеска конечно ќе добие нова влада, која ќе биде составена од претставници од широка коалиција.

Берлускони потенцираше дека тој не би учествувал во влада предводена од лидерот на левиот центар Енрико Лета.

Лета е новиот мандатар за состав на влада, но за да стане премиер на неговата Демократска левица, неопходна му е поддршката од коалицијата на десницата, предводена од Берлускони.

На оваа тема Лета и Берлускони разговараа два часа. Политичката криза во Италија трае од изборите, одржани во февруари.

Партиите од тогаш се обидуваат да формираат нова влада, но сите досегашни обидо пропаднаа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ