Берлускони со закани за уривање на владата ако не се укине данокот на имот

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони предупреди денеска дека ќе ја урне коалициската влада ако не биде укинат непопуларниот данок врз недвижни имоти, јави ДПА.

Во интервјуза локални медиуми, Берлускони рече дека данокот е неправеден и штетен за целата економија.

Данокот беше воведен од претходната валда на Марио Монти за да „затвори“ дупка во буџетот. Во предизборната кампања Берлускони вети дека ќе се бори против тој данок и на Италијанците ќе им врати пари дадени во минатата година за плаќање на таа давачка.

Премиерот Енрико Лета досега се ангажираше само да ги замрзне сметките за данок на имот за минатиот месец додека владата не одлучи што ќе прави со тој проблем.

Ако Берлускони ја исполни заканата Италија може да влезе повторно во политичка криза, наведува ДПА. Весникот Корисере дела сера објави дека исполнувањето на ветувањето на Берлускони за данокот би чинело околу 12 милијарди евра, сума што задолжената Италија не може да ја дозволи.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски