Силвио Берлускони, поранешниот премиер на Италија изјави денеска дека напорите за формирање на нова Влада ќе вродат со плод.
Во својата изјава за каналот Телеџорнале 24 кој е дел од неговата медиумска „империја“ Медиасет, Берлускони додаде дека, како што го информирале неговите соработници, разговорите со новиот мандатар Енрико Лета биле „многу добри“.
Берлускони наведе и дека Лета покажал позитивен пристап за време на средбата, така што реални проблеми околу составувањето нов кабинет не би требало да има.