Берлускони ги повика своите приврзаници да ја поддржат италијанската Влада

Од:

Силвио Берлускони ги повика своите приврзаници да продолжат да ја поддржуваат коалициската Влада на Италија, откако главниот сојузник се закани дека ќе ја напушти доколку поранешниот премиер биде осуден за даночни прекршоци и му биде забрането да се занимава со политика.

Касациониот суд треба на 30 јули да се произнесе дали ќе ја потврди пресудата од четири години затвор на Берлускони и петгодишната забрана за извршување на јавна функција.

– Владата треба да продолжи за доброто на Италија. Во сегашната ситуација треба да ја поддржиме Владата. Ако сакате да давате негативни изјави, зачувајте ги за себе, истакна Берлускони за време на средбата зад затворени врати со пратеници од неговата конзервативна партија Народ на слободата.

Народ на слободата е клучен партнер во коалициската Влада на премиерот Енрико Лета, во која учествуваат и Демократската партија и помали центристички политички сили.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски