Берлускони: Еврото ќе исчезне ако ЕУ не се реформира

Од:

Доколку Европската унија не изврши радикални реформи, тогаш еврото би можело да исчезне, изјави поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони во интервју за Би-Би-Си.

– Неопходни се радикални промени, бидејќи во спротивен случај економската состојба ќе не принуди да се откажеме од еврото и да се вратиме кон националните валути, нагласи Берлскони, додавајќи  дека „неизбалансираната економска политика“ на ЕУ го загрозува опстојувањето на еврозоната.

Берлускони во интервјуто упати критика и на сметка на поранешиот француски претседател Никола Саркози поради неговите заложби за смена на либискиот лидер Муамер Гадафи во 2011 година.

– Саркози се плашеше дека моето пријателство со Гадафи би можело да доведе до прекин на дистрибуцијата на нафта и гас од Либија за Франција. Затоа тој ги предводеше другите земји во заложбите за напад врз Либија и Гадафи, што според мене, беше голема грешка, истакна Берлускони.

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он