Берлускони е против растурањето на коалиционата Влада на левицата и десницата

Од:

Поранешниот италијански премиер и лидер на десноцентристичката Партија на слободата (ПДЛ) Силвио Берлускони е против растурање на сегашната владина коалиција на левицата и десницата.

Во изјава пред приврзениците и активистите на неговата партија во Рим, Берлускони рече дека Владата на Енрико Лета мора да ја продолжи работата и реализацијата на својата економска програма.

Берлускони реагираше откако неколку илјади луѓе се собраа пред неговата куќа во Рим, протестирајќи против решението на Врховниот суд на Италија, со кое е потврдена едногодишната казна затвор за поранешниот премиер, што судот во Милано претходно му ја изрече за даночна измама.

Тој им се заблагодари на своите подржувачи за силната подршка, но се спротивстави на нивните барања за „казнување на левицата“ и за повлекувањето на ПДЛ од владата, што би предизвикало владина криза н пад на големата коалиција.

– Оваа Влада мора да продолжи да функционира за да се спроведат неопходните економски мерки што ние (како партија) ги баравме и за кои се согласивме. Она што нас како членови и гласачи на ПДЛ не води, не се личните интереси, туку интересите на Италија, рече Берлускони.

Тој досега повеќепати се соочуваше со судење и со пресуди, но ова е прв пат 76-годишниот Берлускони да се соочи со конечна пресуда и со издржување на затворска казна. Казната треба да почне да ја издржува од октомври годинава.

Според италијанските закони, ретко се случува некој над 75 години да биде испратен во затвор, па се верува дека Берлускони ке биде задржан во домашен притвор или присилен да извршува општествено корисна работа.

Тој доминираше во италијанската политика последниве две децении се до ноември 2011 година, кога поради економската криза и рецесијата во Италија, беше принуден да поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски