Берлускони е „длабоко разочаран“ од однесувањето на Путин

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека е „длабоко разочаран и тажен“ од однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин, објави Би-Би-Си.

Додека беше на власт, Берлускони беше близок пријател со Путин, дури и го покани на одмор во неговата вила на островот Сардинија.

– Го познавам околу 20 години и отсекогаш изгледаше како демократ и човек на мирот, изјави 85-годишниот милијардер на конгресот на неговата конзервативна партија Форца Италија во Рим.

Берлускони, кој трипати беше на чело на италијанската влада во периодот од 1994 до 2011 година, досега се воздржуваше од јавно критикување на Путин.

– Соочена со ужасите од масакрите врз цивили во Буча и другите места во Украина – вистински воени злосторства, Русија не може да ги отфрли своите одговорности, истакна Берлускони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски