Берлин со оглас во албански весници против азилантите

Од:

Со огласи во шест најтиражни весници во Албанија, германската Влада се обидува да запре бран азиланти од таа балканска држава и да ги предупреди дека во Германија нема да добијат „економски азил“.

– Само оној кој може да докаже дека во својата држава бил прогонет има право на заштита и престој во Германија, се вели во еден текст упатен до Албанци кои бараат азил во Германија и се истакнува дека нема „економски азил“.

Можност за работа има само за експерти, со академско образование, но со претходно исполнети одредени предуслови, се додава во објаснувањето. На Албанците им се советува да не го руинираат својот живот и да се упатуваат кон Германија и се предупредува дека одбиените азиланти мора да се вратат во својата држава.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ