Берлин: Русија под водство на Путин се развила во авторитарна држава

Од:

Германското Министерство за надворешни работи во една анализа на ситуацијата во Русија, оценило дека „земјата под водство на претседателот Владимир Путин се развила во авторитарна држава“, пишува германскиот неделник „Шпигел“.

„Државната Дума игра како што Путин свири, а судството носи пресуди кои се поволни за Кремљ“, се вели во анализата во која „Шпигел“ имаше увид, со оценка дека во Русија „корупцијата е дел од системот и оти против неа се води само селективна борба“.

Заменик шефот на пратеничкиот клуб на демохристијаните во Бундестагот Андреас Шокенхоф и експертот за надворешна политика на опозициската партија на Зелените Мари-Луизе Бек најавија, во врска со затегнатите односи со Русија, изјавија дека нема на крајот на октомври да патуваат во Сочи на „Петербуршкиот дијалог“, пишува „Шпигел“.

Станува збор за форумот кој пред повеќе од деценија го воспоставија рускиот претседател Владимир Путин и тогашниот германски канцелар Герхард Шредер.

„Петербуршкиот дијалог“, втемелен со цел унапредување на вкупните германско-руски односи, се одржува еднаш годишно, наизменично во Русија и во Германија. 

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска