Берлин, Париз и Лондон го осудија забрзаното збогатување ураниум во Иран

Од:

Германија, Франција и Велика Британија го осудија денеска забрзаното збогатување ураниум на 60 проценти во Иран и повикаа на продолжување на преговорите со Техеран „без одложување“.

– Ние, владите во Берлин, Париз и Лондон, со длабока загриженост ги добивме најновите извештаи од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) кои потврдуваат дека Иран првпат произведе метал збогатен со ураниум до 20 проценти и значително го зголеми својот производствен капацитет на збогатен ураниум до 60 проценти, се наведува во заедничката изјава на трите земји.

Иран започна нов процес за забрзување на производството на високо збогатен ураниум, соопшти неодамна МААЕ.

– Повторно потврдуваме дека ова е сериозно кршење на обврските на Иран кон нуклеарниот договор од Виена, предупредија трите влади, додавајќи дека се дополнително загрижени дека иранските власти го ограничиле пристапот за инспекторите на МААЕ.

Трите земји го повикаа Иран да ги продолжи преговорите во Виена за заживување на меѓународниот договор од 2015 година за иранската нуклеарна програма.

Европската унија (ЕУ) го спомена можното продолжување на преговорите на почеток на септември, додека новиот ирански претседател Ебрахим Раиси истакна дека е за укинување на американските санкции кои ја задушуваат иранската економија.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он

Нов стратешки договор меѓу Русија и Иран, договорено е да ги „здружат силите“