Берлин: Министрите почнаа разговори за украинската криза

Од:

Разговорите на министрите за надворешни работи на Германија, Русија, Украина и Франција почнаа вечерва во Берлин.

Франк-Валтер Штајнмаер, Сергеј Лавров, Павел Климкин и Лоран Фабиус се сретнаа во вилата Борсиг, а разговорите се одвиваат зад затворени врати.

Целта на состанокот од „нормандиски формат“ е да се ублажат тензиите кои се закануваат да го загрозат одржувањето на планираниот самит за окончување на украинскиот конфликт.

Украинскиот претседател Петро Порошенко се надева дека до самитот на четирите земји би можело да дојде во четврток во Казахстан, со цел да се потпише мировен документ со Русија.

Со договорот Украина и Русија би се обврзале во целост да го применат мировниот договор потпишан во септември, но кој упорно го кршат проруски активисти и украинските сили, во чии судири досега загинале над 4.700 лица.

Би можело да ве интересира

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина