Берлин: И производите што содржат јајца се загадени со „фипронил“

Од:

И производите што содржат јајца се погодени од скандалот со присуство на исклучително високо ниво на инсектицидот „фипронил“, соопштија германските власти.

Според нив, не само јајцата туку и производите што содржат јајца се загадени со инсектицидот.

Јајца со толку високо ниво на фипронил се пронајдени во 28 центри за дистрибуција во Холандија и неколку во Германија. Вкупно 180 холандски фарми се затворени како резултат на истрага се до објавување резултати од анализи.

Во Германија се дистрибуирани околу 2,2 милиони такви јајца.

Трговскиот синџир Алди ги повлече денеска од продажба јајцата во продавниците во Германија откако беше утврдено присуство на инсектицид кој не е дозволен во производството на храна за човечко конзумирање. Дванаесет од 16 германски сојузни покраини се погодени од скандалот.

Продажбата на јајца увезени од Холандија е блокирана и во Белгија.

Европската комисија се обиде вчера да ги убеди потрошувачите дека јајца од Холандија со исклучително високо ниво на инсектицидот фипронил се повлечени од рафтовите на продавниците, јави ДПА.

Властите во Холандија ги предупредија потрошувачите да не купуваат јајца поради високо ниво на фипронил, од кое може да се оштетат црниот дроб, тироидната жлезда и бубрезите.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“