Берлин го поздрави јасното барање на Тереза Меј

Од:

Штефан Зајберт, портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел денеска го поздрави јасно изнесениот став за Брегзит, но не прецизира како Германија ќе одговори на тоа.

Британската премиерка Тереза Меј денеска побара од Европска Унија излегувањето на Велика Британија да биде пролонгирано до 30 јуни, додавајќи оти е подготвена и на подолго одложување.

Зајберт истакна дека Берлин го поздравува фактот што сега постои јасно барање од Велика Британија.

– Барањето сигурно ќе биде интензивно разгледувано на Самитот на ЕУ, посочи Зајберт.

Тој додаде дека „Германија и понатаму е убедена дека Брегзит без договор не би бил во ничиј интерес“.

За пролонгирање на Брегзит потребно е одобрување од сите 27 земји членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Демонстрации во Берлин против екстремната десница, се собраа околу 160.000 луѓе

А1он

Таен дипломатски извештај содржи остри критики за новиот американски претседател Доналд Трамп

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин