Берлин бара помош од партнерите од ЕУ за идентификување на демонстрантите во Хамбург

Од:

Германските власти побараа и другите членки на ЕУ да се вклучат во идентификацијата на насилните демонстранти кои предизвикаа хаос и огромни штети за време на Самитот на Г-20 во Хамбург.

– Се анализираат многу фотографии и видеа во моментов со цел да се најдат насилниците. Во оваа операција потребна ни е помош од странските партнери, пишува во писмото што германскиот министер за правда Хајко Мас го испрати до своите европски колеги.

Во писмото Мас бара партнерите од ЕУ да ги забрзаат прекуграничните соработки за да се спречи наредниот самит повторно да биде место на хаос.

Досега полицијата во Хамбург уапси 51 демонстрант од осум различни земји.

Би можело да ве интересира

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Демонстрации во Берлин против екстремната десница, се собраа околу 160.000 луѓе

А1он

Таен дипломатски извештај содржи остри критики за новиот американски претседател Доналд Трамп

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин