Беркоу: Брегзит е најголемата грешка на Велика Британија по војната

Од:

Доскорешниот спикер на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркоу изјави дека одлуката за излегување на земјата од ЕУ ја смета за најголемата грешка на Велика Британија по војната.

-Ако сакате чесен одговор – не мислам дека таа и помогна на Велика Британија. Верувам дека многу години наназад бев праведен кон приврзаниците на Брегзит, давајќи им право да поставуваат екстремни прашања и да почнуваат итни дебати, како и кон противниците на Брегзит. Избрав да се направат исправки во тронскиот говор ( владината програма) за спроведување на референдумот за членство во ЕУ, затоа што тоа беше легитимен предлог и многу пратеници се потпишаа под предлогот. Бев праведен со сите, бев непристрасен на својата функција. Но, веќе не сум на функцијата и не сум должен да останам непристрасен, рече Беркоу.

„ Доколку ме прашувате дали Брегзит е во наш интерес, чесниот одговор е не. Брегзит го сметам за најголемата надворешнополитичка грешка во повоениот период”, рече спикерот, кој од функцијата се повлече на 1 ноември и денеска зборуваше пред членовите на Лондонската асоцијација за странски дописници.

Беркоу забележа дека ја почитува позицијата на премиерот Борис Џонсон и неговото право како лидер на најголемата партија во парламентот да ги брани своите ставови.

-Но, мое лично мислење е дека Брегзит не одговара на нашите интереси. Ние сме дел од политичкиот блок, трговскиот блок. И мислам дека е подобро да останеме дел од политичкиот блок, рече Беркоу.

Спикерот Џон Беркоу одигра клучна улога во многу ситуации поврзани со Брегзит. Често пати против волјата на владата им даваше зелено светло на измените, што беа предложени од претставници на различни политички погледи. Самиот Беркоу е една од најпознатите политички фигури во Велика Британија, во голем степен благодарение пред се на неговиот личен шарм и остроумност.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот