Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербо, денеска пред посетата на Словенија изјави дека земјите од Западен Балкан целосно припаѓаат на Европската Унија и дека целта на Германија е да ја зајакне ЕУ, во која ќе бидат вклучени и земјите на регионот.
„Во свет каде што кризите и конфликтите се преклопуваат во непосредното соседство на Европа, ни треба Европска Унија која ќе дејствува брзо и одлучно утре и задутре и ќе остане безбедносно сидро за сите нас во Европа. Германија и Словенија се обединети во зајакнувањето нашата заедничка Европа, да ја направиме погодна за иднината и да ги вклучиме земјите од Западен Балкан во нашата средина. За нас силната Европска Унија, исто како НАТО, е незаменливо животно осигурување во неизвесни времиња“, се вели во соопштението на Бербок објавено на веб-страницата на германското Министерство за надворешни работи.
Таа рече дека земјите од Западен Балкан „целосно и апсолутно“ припаѓаат на Европската унија.