Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, денеска ќе престојува во работна посета на Хаг каде, меѓу другото, ќе разговара и за начините како рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде повикан на одговорност за војната против Украина.
Според протоколот на посетата, предвидено е таа во Меѓународниот кривичен суд (МКС) уште утрово да се претседателот на Судот, Пјотр Хофмански, а потоа и со главниот обвинител, Карим Кан.
Бербок треба да зборува и на Хашката академија за меѓународно право, како дипломец на студии по меѓународно право без докторат во областа.
Во попладневните часови предвидени се одвоени средби со холандскиот премиер, Марк Руте, и нејзиниот колега, министерот за надворешни работи, Вопке Хоекстра.
МКС, со седиште во Хаг, беше создаден со таканаречениот Римски статут од 1998 година.
Главниот обвинител Кан веќе ја истражува ситуацијата во Украина, со можна истрага за извршени дела како воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.
Во случај агресијата да е наредена од страна на самиот Путин, тука Судот не може да преземе правни активности бидејќи Русија како држава не е страна во конфликтот. Токму поради тоа украинскиот претседател, Володимир Зеленски, од Генералното собрание на ОН во септември повика на формирање специјален трибунал.
Германскиот министер за правда, Марко Бушман, за агенцијата ДПА изјави дека руската војна е очигледно нелегална, според меѓународното право, и оттаму би сакал да види уште поголема решителност кај обвинителството.
„Ако тоа е најбрзиот и најнаменскиот начин, мислам дека е сосема замисливо формирање специјален трибунал“, истакна тој.
Извор: МИА