„Одбранбената победа“ на Израел над Иран мора да биде обезбедена со дипломатски средства и сите страни мора да работат на спречување на ескалација на конфликтите во регионот, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
„Израел има успешна одбрана благодарение на силната воздушна одбрана и напорите на САД, Велика Британија и арапските држави. Мора да спречиме понатамошни ескалации во регионот“, рече Бeрбок.
Таа додаде дека разговарала со иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан во неделата и дека „јасно го предупредила“ за идни ескалации.
Иран во текот на ноќта меѓу саботата и неделата изврши напад врз Израел како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел.