Бербок ја обвинува Русија дека избегнува разговори

Од:

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок го обвини рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека одбил да учествува во разговорите, откако порано од предиденото го напушти состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 на Бали, јави ДПА.

„Фактот што шефот на руската дипломатија помина голем дел од преговорите овде не во салата, туку надвор од неа, кажува дека во моментов нема ни најмала желба да се разговара од страна на руската влада“, рече Бербок.

Таа нагласи дека Лавров не присуствувал на разговорите на кои требаше да се разгледа како да се решат глобалните проблеми со снабдувањето со храна влошени со руската инвазија врз Украина.

Мнозинството од учесниците на состанокот ја осудија „агресивната и брутална војна на Русија“, додаде шефицата на германската дипломатија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бербок: Окупацијата на Голанската висорамнина од страна на Израел го прекршува меѓународното право

Бербок: На Украина и требаат долгорочни безбедносни гаранции

Бербок: Израел има право да цели на цивилни цели во Газа

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски