Бенјамин Нетанјаху во саботата опериран од кила

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата вечерта итно бил опериран од кила, пренесе агенцијата Анадолија.

По операцијата, израеслкиот премиер веднаш ги повратил своите овластувања, кои заради заминувањето на операцијата, му ги префрлил на министерот за одбрана Моше Шалон.

Нетанјаху беше опериран во болницата Хадашах Еин Керем во Ерусалим. По телефонски разговор на службеник на болницата со владиниот секретар Авихаим Манделблит, соопштено беше дека премиерот ги вратил сите овластувања кои заради операцијата му ги префрлил на Министарството за одбрана.

Во соопштението е наведено дека премиерот и се заблагодарил на екипата која учествувала во операцијата, како и на сите Израелци кои се интересирале за неговата здравствена состојба.

„Секогаш ќе работам на вашата безбедност“, порача премиерот во соопштение.

Израелскиот премиер во саботата навечер беше примен во болница заради болки во стомакот, каде веднаш му беше извршена операција од кила.

Од болницата е соопштено дека операцијата траела еден час и дека била успешна.

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија