Папата Бенедикт XVI од европејците побара да се држат до „природното право“ и „законите формирани во Евангелието“ преку пораката упатена до учесниците на конференција за француско-германската Елизејската спогодба од 1963 година, организирана во Рим.
Во пораката напишана од страна на папата, државиот секретар и кардинал Тарцисио Бертоне нагласи дека „пред да потпишат договор, Конрад Адрнауе и Шарл де Гол учествувале во миса за помирување во катедралата во Ремс“ и тие „истакнаа дека политиката се базира на принципи кои сами неможат да се придржуваат.“
„Природниот морален закон, кој Создателот го запишал во човековите срца, вредносите и човековите права формирани во Евангелието, претставуваат темел на политиката која навистина се става во служба за правда и мир, како и напредокот на човечкиот род“, додаде тој.
Социјалните реформи кои доведоа до промени на традиционалниот облик на семејствата и либерализирање на абортус и еутаназија многу го загрижуваат Папата, додека само мал број на државни шефови и владата јавно зборуваат за христијанските верувања како основа за политичка акција, спротивно на тоа што било пред 50 години.