Во папската резиденција Кастел Гандолфо во близина на Рим, поранешниот папа Бенедикт Шеснаесети со миса го одбележа својот 86. роденден.
Присутни биле само неговиот постар брат и секретарот, надбискуп Беорг Генвајн.
Роденденот му го честитал и новиот папа Франциск.
Бенедикт на 28. февруари се повлече од тронот на Католичката црква.
Во Кастел Гандолфо би требало да остане до средината на мај, кога ќе бидат завршени работите во манастирот во склопот на Ватикан, кој се преуредува за негови потреби.