Белоруско МНР: Денеска во Минск нема да има средба на Контакт групата за Украина

Од:

Во Минск денеска нема да се одржат разговори на Контакт групата за Украина, соопшти секретарот на белоруското министерство за надворешни работи Дмитриј Мирончик, пренесува ТАСС.

Претходно украинските медиуми објавија дека денеска ќе биде одржан втор круг од преговорите на Контакт групата.

Состанокот на Контакт групата за Украна го сочинуваат претставници на Украина, Русија и ОБСЕ. Првично беше предвидено тој да се одржи меѓу 9 и 12 декември, но е одложен на украинска иницијатива.

Вчера портпаролот на руското министерство за надворешни работи Александар Лукашевич изјави дека разговорите треба да продолжат.  Според него основна цел сега е да продолжат преговорите, како и дека има основа да се очекува тие да бидат многу брзо обновени, пренесуав ДПА.

Првата средба на групата се одржа на 24 декември и на неа беше договорена размена на заробеници. На разговорите присуствуваше специјалниот претставник на Организацијата за безбедност и соработка во Еврпа (ОБСЕ) Хеиди Таглиавини, поранешниот украински претседател Леонид Кучма, амбасадорот на Русија во Киев Михаил Зурабов, претставникот на самопрогласената Доњецка народна република Денис Пушилин и претставникот на самопрогласената Луганска народна република Владислав Деинго, пренесува ТАСС.

Според податоците на ОН во судири меѓу украинската армија и проруски сепаратисти од април годинава животот го загубиле 4.700 лица.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски