Белоруските граничари собориле украинско беспилотно летало

Од:

Белоруските граничари пресретнале и собориле украинско беспилотно летало што се користело за фрлање експлозив, соопшти денеска Комитетот за гранична стража.

Инцидентот се случил во регионот Гомел на 2 ноември, на еден километар од белоруско-украинската граница, се наведува во соопштението, пренесе Тасс.

Во дронот се откриени снимки и видеа, што укажува на тоа дека леталото било опремено со инфрацрвен систем за снимање, како и дека бил опремен за фрлање експлозиви и извидување и испитување на објекти за техничка заштита на границите на територијата на Белорусија, соопшти белорускиот комитет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина