Белоруски новинар е осуден на осум години ригорозна затворска казна

Од:

Белорускиот новинар Анджеј Почобут, претставник на полското малцинство во Белорусија, денеска е осуден на осум години затвор поради „предизвикување омраза“, соопшти белорускиот суд.

Почобут (49), дописник на полскиот весник Газета Виборча и активист за правата на полското малцинство, „беше прогласен за виновен за јавни повици за акција со цел да се наштети на националната безбедност на земјата“ и за „поттикнување омраза“. Се вели во соопштението на белорускиот Врховен суд.

Новинарот, чие судење се одржа во регионалниот суд во западниот град Гродно, каде живее голема заедница со полско потекло, е осуден на осум години ригорозна затворска казна, изјави истиот извор.

Полска веднаш ја осуди „неправедната“ казна изречена од „авторитарна земја“ за новинарот, кој беше обвинет за повикување на меѓународни санкции против Белорусија.

Шефот на белоруската опозиција во егзил, Светлана Тихановска, таа пресуда ја оцени како лична одмазда на белорускиот претседател Александар Лукашенко кон новинарот, кој е во притвор од неговото апсење во март 2021 година.

„Ќе направиме се што можеме за да го ослободиме заедно со сите други политички заложници“, напиша таа на Твитер.

Би можело да ве интересира

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Белорусија ја обвини Литванија дека ги финансирала силите за соборување на владата во Минск

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици