Белоруската опозиционерка Марија Колесникова е уапсена, тврдат нејзините соработници

Од:

Белоруската политичарка Марија Колесникова, една од ретките лидери на опозицијата која не е во егзил, утринава е уапсена во Минск, соопштија нејзините соработници.

Според нив, непознати лица утрово ја однеле Колесникова во непознат правец, а таа не одговарала на телефон.

Колесникова е член на опозицискиот Координативен совет, за кој се води истрага од белоруските власти.

Белоруската полиција денес соопшти дека 633 лица биле уапсени во вчерашните демонстрациите што се одржаа во Минск поради контроверзниот реизбор на Александар Лукашенко за претседател.

„Вчера беа приведени вкупно 633 лица за кршење на законот за масовни собири“, се наведува во соопштението на белоруското Министерство за внатрешни работи, прецизирајќи дека од нив 363 биле притворени.

Во Минск вчера протестираа повеќе од 100.000 лица, четврти викенд по ред, а голем број полицајци и војници беа распоредени на улиците.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“