Белоруската опозиционерка Колесникова е приведена за велепредавство

Од:

Белоруската опозициска политичарка Марија Колесникова била приведена под сомнение за сторено велепредавство, како дел од кривичната постапка што опфаќа обид за преземање на власта, соопшти денеска нејзиниот адвокат.

Во понеделникот беше објавена информација дека истакнатата опозиционерка била киднапирана од маскирани лица во Минск, кои насила ја внеле во минибус.

Белоруските државни медиуми објавија дека Колесникова е приведена на границата со Украина при „нелегален обид за премин“, а агенцијата Интерфакс-Украина објави дека тие всушност сакале да ја депортираат опозиционерката во соседната земја, но дека таа го скинала својот пасош со цел да ги спречи властите во тоа.

Таа е истакнат лидер на протестите на кои се бара оставка од претседателот Александар Лукашенко по претседателските избори на 9 август, за кои опозицијата тврди дека биле наместени. Лукашенко негира кражба на изборите и прогласи победа со околу 85 отсто освоени гласови.

Максим Знак, истакнат белоруски опозициски активист, исто така бил пресретнат и однесен од улица во Минск од непознати маскирани лица, тврдат неговите приврзаници.

Занк е познат белоруски адвокат, а исто така е и член на опозицискиот Совет за координација. Утрово требаше да учествува на претходно закажаниот видео состанок, но не се појави.

Сведоците тврдат дека маскирани лица го однеле преку една од централните улици во Минск.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“