Белоруската лидерка Калесникава од затвор ненадејно префрлена во болница

Од:

Белоруската опозициска лидерка Марија Калесникава од затвор е префрлена на интензивна нега во болница во градот Гомел, пренесуваат странските агенции.

Белорускиот опозициски политичар Виктор Бабарико на Телеграм објави дека Калесникава, една од најистакнатите противници на претседателот Александар Лукашенко, вчера од непознати причини е префрлена во болница.

Лидерката на белоруската опозиција Свјатлана Циханускаја на Телеграм напиша: „Ужасни вести. Драга наша Маша, сите се надеваме дека ќе бидеш добро!“

Минатата година, Калесникава беше осудена на 11 години затвор, откако беше обвинета за заговор за преземање на власта, поттикнување акции за поткопување на националната безбедност и поттикнување дејствија кои ѝ штетат на националната безбедност преку употреба на медиумите и интернетот.

Таа беше една од трите жени кои се обединија во 2020 година за да го предводат востанието во кое десетици илјади белоруски жени излегоа на улиците во најголемите протести во модерната историја на земјата.

Калесникава беше уапсена и одведена на граница, каде и било кажано да ја напушти земјата. Наместо тоа, таа наводно го скинала пасошот, ризикувајќи затвор наместо заминување во егзил.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“