Белорусија ги повлече своите амбасадори од Полска и Летонија

Од:

Белорусија ги отповика своите амбасадори од Полска и Летонија и побара од двете земји значително да го намалат бројот на дипломати во нивните амбасади во Минск.

Ова денеска го соопшти агенцијата Белта, повикувајќи се на белоруското Министерство за надворешни работи. Побарано е вработените да се намалат на 18 од 50 и од 25 на 14.

Белоруското Министерство за надворешни работи на крајот на септември соопшти дека ќе воведе санкции против околу 300 претставници на балтичките држави – Естонија, Летонија и Литванија, како одмазда за воведувањето забрана за патување на голем број белоруски функционери.

Белоруската Влада, во меѓувреме, објави дека ги укина акредитациите за сите странски новинари во земјата и оти тие мораат повторно да аплицираат за акредитација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата