Белгискиот крал Филип вети солидарност со Украина и по војната

Од:

Кралот на Белгијците, Филип, ги посети белгиските трупи во Литванија, тој им искажа поддршка и вети солидарност со Украина на долг рок, јави дописничката на МИА од Брисел.

Белгискиот крај Филип изјави дека се гордее со белгиските воени трупи кои се наоѓаат на источната граница на НАТО, поточно во источна Литванија, во рамките на засилувањето на присуството на Северноатлантската Алијанса на истокот.

Кралот се сретна со литванскиот претседател Гитанас Науседа во воената база, близу границата со Белорусија, и ги поздрави белгиските војници.

-Сојузниците денеска ја покажуваат нивната солидарност, но и одлучност да ги сочуваат нашите слободи, нашите демократски вредност, и нашиот просперитет. Таа солидарност гледаме дека се одразува тука денес, и тоа е импресивно, рече кралот пред војниците од Белгија.

Тој вети дека нема да запре солидарноста со Украина, жртва на “неописливото насилство“ од страна на руската војска. Таа солидарност со Киев ќе продолжи и во реконструкцијата на земјата, по завршувањето на војната.

-Се приближува мигот кога борбите ќе запрат, тогаш ќе можеме да изградиме слободна и просперитетна Украина. Патот е сѐ уште долг, но солидарноста на западот нема да прекине после последниот испукан куршум, порача кралот Филип.

За шефот на белгиската држава “единството“ на западните држави претставува „гордост“ пред варварското насилство на Русија, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он