Белгиската полиција уадна во седиштето на Европската народна партија во Брисел

Од:

Белгиската полиција изврши рација во седиштето на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел, изјави извор за EURACTIV.com.

„Белгиски полицајци упаднаа на првиот и третиот кат од седиштето на партијата во Ру ду Комерс“, изјави изворот.

Според првичните информации, полицијата запленила компјутери во врска со тековната истрага за наводна корупција за време на изборната кампања на ЕУ во 2019 година.

Пратеникот на ЦДУ, Марио Фојгт, беше менаџер за дигитална кампања на лидерот на ЕПП Манфред Вебер за време на изборната кампања за Европскиот парламент во 2019 година, а истрагите се фокусирани на доделување договор за дигитална кампања на компанија во Тирингија, јавуваат германските медиуми.

Фојгт сега е лидер на ЦДУ во германската покраина Тирингија. Во септември минатата година, комисијата за правда на покраинскиот парламент му го укина имунитетот во очекување на истрага од германскиот јавен обвинител, но не е сосема јасно дали тоа е поврзано со овој случај.

ЕПП е најстарата и најголема европска политичка групација.

Во кусото соопштение, ЕПП потврди дека „претставници на белгиските и германските полициски власти го посетиле седиштето на партијата во Брисел“ на 4. април, додавајќи дека „посетата е поврзана со тековната истрага во Тирингија, Германија“.

„Партијата соработува целосно транспарентно со надлежните органи, обезбедувајќи ги сите релевантни информации и документација“, наведуваат оттаму.

Би можело да ве интересира

Манфред Вебер е новиот лидер на Европската народна партија

Ана Ололовска

Вебер повторно избран за претседател на ЕПП

Ана Ололовска

Европската народна партија без коментар за блокадата на Борисов во Советот на ЕУ

Мицкоски од видеоконференцијата на ЕПП: Aпелирам да помогнете да не се кочи и да се забрза процесот на интеграција на Македонија во ЕУ

А1он

Европската народна партија повторно ја потврди поддршката за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан

А1он

Вучиќ на видео самит на лидерите на ЕУ и Западен Балкан од редовите на ЕПП

А1он