Белгија: 66 килограми кокаин скриени во кутија со банани

Од:

Повеќе од 66 килограми кокаин се запленети во кутија со банани, во шест маркети во Белгија, пред овошјето да се стави на продажба.

Бананите на пристаништето во Антверпен пристигнале од Шпанија, а полицијата се сомнева дека во Белгија ги дистрибуира балканска мафија, поврзано со Дарко Шариќ.

-Ова е трет пат, дрогата да е сокриена во кутија со банани. Се работи за голема количина, сите бевме изненадени. Кога кутијата со овошје ќе пристигне таа директно се дистрибуира во малопродажба. Тоа објаснува зошто дрогата е откриена во шест продавници – објасни еден од вработените во продавниците.

Белгиската полиција го затвори возачот на камионот, со обвнинение дека е дел од криминалниот ланец на дистрибутери на дрога.

Во октомви 2012 година, полицијата откри дека на пристаништето во Антверпен во контејнери е пронајдено повеќе од 8 тони кокаин, во вредност од 500 милиони евра.

Бананите подарени на зоолошката градина

Кутиите со околу 400 килограми банани, во кои што беше пронајдена дрогата, се подарени на зоолошката градина во Брисел.

Овошјето првин е хемиски прочистено, за да случајно не е загадено со кокаин, и подоцна им е поделено на мајмуните и другите жители на зоо-градината во престолнината на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда