Белата куќа не му дава поддршка на Мајкл Флин околу неговите контакти со Русија

Од:

Белата куќа во текот на викендот одби да му даде поддршка и да го одбрани, советникот за национална безбедност во САД, Мајкл Флин, околу контроверзите за неговите контакти со Русија, забележуваат американските медуми.

Флин го обвинуваат дека со рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кисљак разговарал телефонски за санкциите кон Русија.

Разговорот бил направен во текот на декември, минатата година, пред влегувањето на Доналд Трамп во Белата куќа, но какви и да биле разговорите со рускиот амбасадор, тие претставуваат повреда на законот, затоа што во тоа време едно приватно лице, како што тогаш беше Флин, разговарал за прашања поврзани со надворешната политика.

Тој првично тврдеше дека не разговарал за санкциите, а подоцна дека не се сеќава на деталите.

Освен Флин и потпретседателот Мајк Пенс претходно ги демантираше тврдењата изнесени во медиумите дека со Кисљак се зборувало за санкциите што САД ги има воведено против Русија поради интервенцијата во Украина и хакирањето на Демократската партија во текот на претседателската изборна кампања.

Но „Вашингтон Пост“ тврди дека десетмина високи функционери на републиканската администрација, потврдиле дека Флин разговарал и за укинувањето на санкциите.

Во текот на изминатиот викенд, во десетина јавни обраќања на главниот советник на Белата куќа Стив Милер, одби да одговори на прашањата за тоа што всушност разговарал Флин со Кисљак, но и да го одбрани од критиките.

Милер се бранеше дека „не е негова работа да коментира чувствителни прашања“ кои се однесуваат на Флин.

Засега нема никаков коментар ниту од претседателот Доналд Трамп, кој целиот викенд беше на својот имот во Флорида.

Американските медиуми откриваат дека Мајкл Флин целото тоа време бил со претседателот.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа