Компјутерскиот систем на Белата куќа беше мета на хакерски напад, но не е нарушен.
Засега нема докази дека хакерите успеале да дојдат до доверливи документи, рече извор од Белата куќа и наведе дека нападот е рано откриен и не се проширил.
За да влезат во компјутерскиот систем на Белата куќа, хакерите користеле мејл заразен со вирус, што е чест начин за напад.
Сајтот „Freebeacon“ вчера објави дека кинески хакери го нападнале воениот систем во Белата куќа, пренесува Ројтерс.
Агенцијата наведува и дека Кина има најмногу корисници на интернет во светот и дека се смета одговорна за низа хакерски напади на системите на американската влада.